Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција започна 24-часовен штрајк
Поради измените во законот за дисциплинска постапка за државните службеници што ќе биде донесен во грчкиот Парламент, Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) утрово започна 24-часовен штрајк.
Од АДЕДИ соопштија дека новиот закон е против работничките права и бараат итно повлекување, а преку штрајкот го изразуваат нивното несогласување со, како што велат „обидот за криминализација на синдикалното, општественото и граѓанското дејствување, изедначувањето со општи кривични дела, укинувањето на второстепениот дисциплински совет и правото на жалба, како и екстремно големите казни“.
Во штрајкот, организирани од нивните синдикати, се очекува да учествуваат и здравствените работници, општинските работници, наставниците и професорите итн.
Првично, со четиричасовен прекин на работата на учество во штрајкот повика и Асоцијацијата на контролори на летање на Грција, меѓутоа вчера,
Првостепенениот суд во Атина најавениот прекин на работата го прогласи за незаконски, па така авионскиот сообраќај ќе се одвива регуларно. Редовно ќе сообраќаат и бродовите и траектите, како и возовите и јавниот превоз. Во рамките на штрајкот закажан е и протест на плоштадот Синтагма во 10 часот утрово.
24-часовен штрајк утре во Грција!
Грција предлага четиридневна работна недела, но 10-часовен работен ден
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Многу топло време со можност за пороен…
Продолжува периодот на многу топло време со…
Возачи го тужат Mercedes: Вжештеното AMG лого…
Неколку сопственици на Mercedes-AMG тврдат дека металното…
По пожарот во Волково, жителите бараат закон:…
Големиот пожар што денеска избувна во Волково…
Пресушија бунари во источна Хрватска, натоварени бродови…
Поради екстремната суша во источна Хрватска, бунарите…
Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си,…
Четириесет и шестгодишен охриѓанец, кој издржувал затворска…