Објавено на:

Синдикатот на Клинички центар бара потпишување на договорот што го имале со претходниот министер за здравство

t

Да се потпише во најбрз можен рок договорот што го имавме со претходниот министер за здравство и Фондот за здравство, побара попладнево потпретседателот на Синдикатот на Клинички центар, Предраг Серафимовски, пред состанокот со новиот министер за здравство Фатмир Меџити.

Тие средства веќе се обезбедени, анексите се направени и коефициентите се средени, така што би требало да ја завршиме работата, нагласи Серафимовски.

Синдикатот бара под итно да се потпише договорот што го имале договорено пред три ипол-четири месеци.

Инсистираме на потпишување за зголемување на плати, за медицинските сестри три илјади денари бруто, а за сите останати, значи јавна администрација, помош на технички персонал и доктори, по две илјади денари. Таков е договорот, рече Серафимовски.

Со барање за покачување на платите и усогласување со промените на минималната плата, синдикатите минатиот месец излегоа на протест пред Клиничкиот центар и ГОБ ,,8 Септември” во Скопје, како и во други градови низ државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Искршени плочи на гробишта во Скопје по…

По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…

Пет дена боледување од матичен – Нови…

Од 1 декември се менуваат правилата за…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…

Цистерна и комбе утрово се судрија на…