Синдикатот на одбраната со повик до пратениците: Да ги надминат политичките надмудрувања и да го поддржат носењето на законот за вработените во МО
Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ), член на Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ), кој е единствен репрезентативен синдикат за јавниот сектор во Македонија, како социјален партнер на Министерството за одбрана (МО) подолг временски период одржуваше преговори со министерот за одбрана, Славјанка Петровска, во насока на донесување законско решение за вработените во МО (закон за вработените во Министерството за одбрана).
Преку социјален дијалог со Министерството за одбрана, Синдикатот на одбраната и безбедноста успеа, како што информираат од таму, да договори комплетно нов предлог-закон за вработените во Министерството за одбрана, при што, како што појаснуваат, првпат се предвидени клучни права од работен однос за вработените во МО, и тоа:
– исправување на дискриминацијата на работничките права, еден работодавец – три закони за разни групи вработени,
– се воведува бенифициран стаж за вработените во МО,
– изедначување на правата за пензионирање со АРМ,
– пензионирање на вработените во МО со навршени 40 години стаж,
– основица за пресметка при пензионирање да биде најдобрите 10 години,
– еднакви плати за исти работни задачи во МО и АРМ.
„Со оглед дека во Собранието на Македонија е во процедура донесување закон за вработените во Министерството за одбрана, Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ) ги повикува пратениците од сите политички партии да ги надминат политичките надмудрувања и да им дадат поддршка на горенаведените законски решенија предвидени во предлог-законот за вработените во Министерството за одбрана, да го деблокираат неговто донесување и со соодветни суштински амандмани да учествуваат во подобрување на предложеното законско решение. Со тоа ќе покажат дека донесуваат закони во полза на работниците, односно на вработените во Министерството за одбрана“, се истакнува во нивниот допис.
Оценуваат дека со донесувањето на овој закон, кој, како што велт, е во согласност со принципите на земјите членки на НАТО, ќе се овозможат подостоинствени работнички права, подобри услови за работа, како и подобар стандард на вработените во МО, со што ќе бидат чекор поблиску до своите колеги од ЕУ и земјите во НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…
Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…
Трамп не се помирува со поразот: Објави…
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…
Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…
Во Солун уапсен маж кој се барал…
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…