Синдикатот на УПОЗ: Владата планира администрацијата да работи од дома за да се заштеди енергија

t

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, во вечерашната „Топ тема“ на Телма откри дел од мерките и препораките на Владата за намалување на расходите на буџетските корисници, од кои повеќето досега не беа обелоденети во јавноста.

Освен мерката за намалување за 10 отсто на платата, која единствено беше соопштена јавно, документот содржи уште неколку точки, меѓу кои и намалување на прекувремената работа за преку 20 отсто во МВР, во Агенцијата за национална безбедност, во Агенцијата за разузнување, откри Деаноски.

Според него, Владата планира и државната администрација да работи од дома, со ротации. За синдикалците, најспорен е предлогот и, според нив, намерите на Владата да бидат суспендирани или укинати колективните договори со кои се регулираат правата на работниците во одредени сектори.

Синдикалците и од јавниот и од приватниот сектор предупредија дека сите заеднички ќе се спротивстават на каков било обид од страна на Владата да ги укине или суспендира колективните договори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Без договор заврши втората средба меѓу Синдикатот…

Без договор заврши втората средба меѓу Синдикатот…

Со Бела чао и Буџав лебац продолжи…

„Копачите“, „Бела чао“, како и песните на…

Минималната плата треба да биде 26.000 за…

Трпе Дејановски од Синдикатот на УПОЗ вечерва…

Синдикатот на УПОЗ: Владата планира администрацијата да…

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, во…

КСС го прекина протестот – се вршело…

Конфедерацијата на слободни синдикати го прекина најавениот…