Синдикатот на УПОЗ чека Мицкоски да се врати од САД

Најавената средба меѓу претставниците на Синдикатот на УПОЗ со Владата, чека на враќањето на премиерот Мицкоски од САД, велат од ССМ. Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани, во петокот поднесе формално барање за средба со него.
Минатата недела секојдневно протестираа вработените во седум министерства и две институции, бидејќи дијалогот еднострано беше прекинат од Министерството за финансии со одбивање на предложените колективни договори за додаток на плата од 30 проценти за вработените што протестираат.
-Вработените очекуваат Владата да покаже разбирање и да ја прифати оваа подадена рака од Синдикатот на УПОЗ за изнаоѓање решение. Во спротивно, повторно ќе се активираат протестите, а ќе ги искористиме и сите со закон дадени можности за изразување на незадоволството на работниците се до остварување на барањата – рече Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.
Од УПОЗ не ја исклучија можноста и за тужба против државата, но рекоа дека прво ќе дадат шанса за продолжување на дијалогот.
-Прво ќе чекаме, ќе дадеме шанса за продолжување на дијалогот, ако не ќе ги продолжиме протестите, се размислува за одење на штрајк и за тужби до државата – се закани Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Деаноски од УПОЗ: Министерството врши притисок врз…
Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на вработените…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…
Синдикатот на УПОЗ чека Мицкоски да се…
Најавената средба меѓу претставниците на Синдикатот на…
Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за…
Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција…
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…