Синови тепаат татковци – пријавени се три случаи во Куманово, Струга и Скопје
МВР информира дека вчера попладне во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.М.(45) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:10 часот физички го нападнал неговиот 76-годишен татко и на тој начин постапил спротивно на судска одлука за заштита од семејно насилство.
По целосно документирање на случајот, против А.М ќе биде поднесена соодветна пријава.
Неколку часа подоцна, во 16:00 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода М.Д.(49) од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговиот татко и оштетил дел од покуќнината.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Рано утринава, во 02:55 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.П.(49) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот со остар предмет се заканувал на неговиот 78-годишен татко.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синови тепаат татковци – пријавени се три…
МВР информира дека вчера попладне во 12:30…
Израел ѝ го честиташе Денот на независноста…
Израел се приклучи на бројните држави и…
НАТО ѝ го честиташе Денот на независноста…
НАТО упати честитка до Македонија по повод…
Вчера регистрирани 36 пожари, опасноста и натаму…
Опасноста од пожари на отворен простор е…
Пет години од трагедијата во Тетово: 14…
Поминаа пет години од една од најголемите…