Синодот на МПЦ-ОА му одговори на Вучиќ по изјавата за Скопје
Синодот на МПЦ-ОА му одговори на Вучиќ по изјавата за Скопје
Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) денеска реагираше на неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ, дадена во Мркоњиќ Град, во која тој рече дека „Српската црква е една и иста“, споменувајќи го и Скопје.
Од МПЦ-ОА потсетуваат дека таа ја остварува својата духовна и пастирска мисија кон сите православни христијани на својата канонска територија, без оглед на нивната национална, политичка, културна или етничка припадност.
Од МПЦ-ОА потсетуваат дека таа ја остварува својата духовна и пастирска мисија кон сите православни христијани на својата канонска територија, без оглед на нивната национална, политичка, културна или етничка припадност.
„Длабоко свесна за својата историска улога и за одговорноста во духовниот живот на македонскиот народ, а водена од евангелските начела и богатото православно предание, таа останува Црква отворена за сите, обединувајќи ги своите верни во единството на верата и во евхаристиското заедништво, надминувајќи ги сите минливи политички, идеолошки и општествени поделби“, се наведува во соопштението.
Од Синодот додаваат дека Евангелието Христово, верата во Воскресението и благосостојбата на верниците се основната водилка во дејствувањето на МПЦ-ОА, која, како што се наведува, ги отфрла политичките и идеолошките платформи.
Вучиќ изјавата ја даде за време на престојот во Мркоњиќ Град во Босна и Херцеговина, каде што се одржа комеморативен собир посветен на жртвите од хрватската воена операција „Олуја“.
„Српската црква е една и иста. Таа е иста и во Мркоњиќ Град, Пирот, Сиднеј, Скопје, Франкфурт, Мелбурн и на секое друго место во светот“, рече Вучиќ.
Тој говореше за, како што ги нарече, „полицентричните идеи“ во Српската православна црква, односно идеи за нејзино федерализирање или конфедерализирање, оценувајќи дека тоа би било „смрт за српскиот народ“ и за Српската црква.
Во истиот контекст, Вучиќ ги спомена и случувањата во Црна Гора во 2020 година, кога, според него, постоеле обиди за создавање посебна православна црква.
МПЦ-ОА и СПЦ имаат сложена историја на црковни односи. Српската православна црква ја имаше јурисдикцијата врз епархиите во Македонија до прогласувањето автокефалност од страна на МПЦ во 1967 година. Во 2022 година СПЦ ја прифати автокефалноста на МПЦ-ОА, по што двете цркви воспоставија канонско и евхаристиско единство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…
Рубио: САД не сакаат ништо што би…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Клековски со порака за Денот на независноста:…
Министерот за здравство Сашо Клековски присуствуваше на…
Затворена Ајфеловата кула: Штрајкуваат вработените
Ајфеловата кула во Париз во понеделникот беше…
Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…
Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…