Објавено на:

“Синоним за дискриминација на Балканот”: Бугарите се жалат дека покрај Македонија биде дискриминирани и во Србија

t

Изненадувачки и крајно несоодветни изјави кои преку хипотези и за остварување на внатрешно-политички цели го доведуваат во прашање постоењето на Бугарите во Србија и потребата од заштита на нивните права, е ставот на Бугарското Министерство за надворешни работи по неодамнешната изјава на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за Бугарите во Србија и Србите во Бугарија.

Според бугарското МНР, како што објави БГНЕС, таквите изјави на Дачиќ му штетат на достоинството на Бугарите во Србија и никако не придонесува за развој на добрососедските односи меѓу двете земји.

„Како и досега, Бугарија ќе продолжи да се грижи за гарантирање на правата на сите бугарски заедници во странство. Ова е еден од главните приоритети на Министерството за надворешни работи. Во однос на Република Србија и бугарското национално малцинство таму, Бугарија ќе продолжи да инсистира институциите во соседната земја да го почитуваат сопственото законодавство во областа на правата на националните малцинства, како и обврските што произлегуваат од процесот на приклучување кон ЕУ“, пишува во соопштението од бугарското МНР.

Во него се потсетува дека „разликата меѓу уставното уредување на Србија и други држави како што е Бугарија, не може да се користи како аргумент за евентуално одбивање на српската држава да ја исполни својата обврска да ги гарантира правата и слободите на претставниците на националните малцинства, вклучително и на Бугарите“. Од МНР уште додаваат дека таквото однесување е спротивно на основните принципи и вредности на Европската Унија и на стремежот на Србија за членство во европското демократско семејство.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ пред неколку дена го изрази својот револт од одбивањето на Бугарија „да го признае постоењето на српско национално малцинство“ во оваа земја.

„Бугарија не ги признава националните малцинства, но од друга страна толку многу протестира за лошата состојба на Бугарите во Србија. И тоа е веќе точно… Но кога ќе им кажеме ‘а и на Србите во Бугарија‘, тогаш тие одговараат: нема Срби во Бугарија. Тоа значи дека велиме дека нема Бугари во Србија. Тогаш нема проблеми со бугарското национално малцинство“, изјави Дачиќ.

Бугарските медиуми оваа негова изјава ја пренесоа како уште една провокација на Дачиќ во однос на Бугарија.

Инаку, според последниот попис на населението, Во Србија има 12.918 Бугари, а во Бугарија како Срби се изјасниле 569 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена од Србија чува кокошки кои несат…

Весна Козак од Падина одгледува околу 40…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…