Објавено на:

Синот на Трамп: Србија е една од земјите со најбрз раст во Европа, чест е да се биде таму

t

Ерик Трамп, син на американскиот претседател Доналд Трамп, во интервју ја потврди планираната изградба на луксузен хотел во Белград и нагласи дека Србија е една од земјите со најбрз раст во Европа и дека е голема чест за брендот „Трамп“ да биде присутен во оваа земја.

Договорот со Србија доаѓа во време кога таа земја бара поддршка од САД за влез во Европската унија, пишува „Њујорк Тајмс“.

Како што е наведено, по повеќе од една деценија откако Доналд Трамп првпат ја изнесе идејата за развој на хотел Трамп на локација во сопственост на српската влада, неговото семејство сега е блиску до остварување на тој сон во комплициран договор кој вклучува и магнат за недвижнини од Абу Даби и Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп.

Кушнер формираше партнерство со Мохамед Алабар, градителот на хотелот Бурџ Калифа во Дубаи, највисоката зграда во светот.

Тие планираат да изградат нов хотел на локација во Белград со давање под закуп на имотот од Владата на Србија, кој според нацрт-договорот ќе учествува во добивката.

Србија во мај одобри план за изнајмување на поранешната локација на Министерството за одбрана на компанија поврзана со Кушнер за изградба на хотел со 175 соби, малопродажен простор и повеќе од 1.500 станбени единици во три посебни кули.

Одобрениот план вклучува 99-годишен закуп и меморијален комплекс за повредените или убиените за време на бомбардирањето на НАТО.

Освен во Србија, хотелскиот бизнис под брендот „Трамп“ ќе се развива и во Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Виетнам, додава њујоршкиот весник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит џурнал“: САД ги предупредија земјите од…

САД информираа неколку арапски земји од Персиски…

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

САД потрошиле над 47 милијарди долари за…

Американските вооружени сили потрошиле над 47 милијарди…

Вучиќ: Ги молам државните органи да си…

Носителот на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ,…

Иницијативи до РЕМ за одземање на лиценцата…

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС)…