Синот осомничен за убиство на сопствениот татко се обидел да ги прикрие трагите
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.При вршење семејно насилство во домот во гостиварската населба Дутлок осомничениот 33-годишник со умисла го лишил од живот сопствениот татко. Тие започнале расправија заради претходни меѓусебни недоразбирања, по што синот физички го нападнал таткото, удирајќи го со рака и тврди метални предмети се додека не му нанел тешки повреди од кои оштетениот починал.Веднаш по настанот осомничениот ги прикрил трагите, а телото на починатиот го измил и го подготвувал за погреб. Меѓутоа настанот бил откриен преку пријава од анонимен граѓанин од странски телефонски број, по што полициски службеници излегле на лице место, а увид изврши и јавен обвинител и веднаш нареди обдукција.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради ризикот од бегство, како и опасноста да влијае врз сведоците и да ги прикрива трагите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гостиварци нема да ги плаќаат фактурите за…
Со последната одлука на Општинскиот совет, гостиварци…
СДСМ: Зошто и по шест недели по…
Соопштение на СДСМ Зошто и по шест…
Прекината епидемијата во Гостивар – нема нови…
По периодот на зголемен број стомачни тегоби…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори…
„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен…
Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…
Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…