Синоќа во болница завршиле двајца вработени на ЈП ,,Комунална хигиена”, едниот е со тешки телесни повреди

t

Синоќа биле повредени двајца вработени на ЈП ,,Комунална хигиена”, но засега не е познато како точно се здобиле со повредите. Исто така не е јасно дали двајцата вработени се повредени во една несреќа, бидејќи во МВР се пријавени како два посебни инциденти.

-На 05.09.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен Ф.Ф.(44) од Скопје. Според пријавеното, тој со повредите се здобил во централното подрачје на Скопје, додека извршувал работни задачи во Јавно претпријатие „Комунална хигиена“- Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

По неколку минути бил пријавен и вториот повреден.

-На 06.09.2026 во 00:09 часот во СВР Скопје, Б.А.(58) од Скопје, вработен како возач на камион во Јавно претпријатие „Комунална хигиена“- Скопје пријави дека на 05.09.2026 околу 22:30 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, додека извршувал работни задачи, се здобил со повреди, по што се упатил во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ Скопје за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синоќа во болница завршиле двајца вработени на…

Синоќа биле повредени двајца вработени на ЈП…

Осум повредени во невремето во Скопје

Осум лица биле пренесени во скопските болници…

Докторка од Кочани предупредува: Дел од пациентите…

Докторка од кочанската болница предупреди дека дел…

Црвениот крст исплати 11,2 милиони денари на…

Црвениот крст на Македонија на 27 февруари…

Ѓорѓиевски: Убава вест за Скопје – набавуваме…

Градоначалникот на Град Скопје на социјалните мрежи…