Син и мајка од радовишко село примиле 580.000 евра од странство, а парите не ги пријавиле

t

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основно јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против И.Ј.(47) од Радовиш поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „даночно затајување” по член 279, и „перење пари и други приноси од казниво дело” по член 273 и „бесправно градење” по член 244-а и против А.Ј.(71) од с.Коџалија, радовишко, поради постоење на основано сомневање дека сторила кривично дело „даночно затајување” по член 279 од Кривичниот законик.

Во периодот од 29.10.2019 до 02.11.2021, првопријавениот И.Ј., како лице ополномоштено на банкарска девизна сметка на неговата мајка, второпријавената А.Ј., на сметката во една банка примиле 579.015 евра или 35.609.422 денари од физичко лице од Германија и не ги пријавиле како приход, согласно Законот за данок на личен доход, со намера да избегнат делумно или целосно плаќање на данок. Од извршената контрола од УЈП е утврдено дека пријавените затаиле вкупен данок од 3.182.066 денари со вклучена камата. Првопријавениот И.Ј., приносите ги користел за изградба на бесправен недвижен имот и за купување на движен имот во државата, притоа прикривајќи го фактот дека потекнуваат од таков извор и на тој начин ги сторил и кривичните дела „перење пари и други приноси од казниво дело” и „бесправно градење”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Син и мајка од радовишко село примиле…

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основно јавно обвинителство…

БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР РАДЕВ ЈА ОБВИНИ РОМАНИЈА ЗА…

Бугарскиот премиер Румен Радев упати сериозни обвинувања…

УЛТИМАТУМ ОД ВАШИНГТОН ДО ТЕХЕРАН: САД бараат…

Соединетите Американски Држави испратиле ново, остро предупредување…

Стојна од Кратово повторно уапсена кај „Куклица“…

Вчера во 11:30 часот, полициски службеници од…

Приведени четворица осомничени за смртта на двајца…

Четворица приведени под сомнение дека сториле две…