„Син ми ќе се извлече, гледав на YouTube“: Шокантна изјава на таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ
Радослав Драгијевиќ (73), таткото на првоосомничениот Дејан (50) во истрагата за убиството на Данка Илиќ, има најнова изјава која ја згрозила јавноста.
„Доколку Данка е жива, мојот син ќе се извлече, тоа ќе биде добро за него. Народот зборува сè и сешто, а јас за тоа гледав и некои емисии на YouTube, велат дека е жива. Сега не знам зошто изјавил дека ја убил, но …“, шокирал Драгијевиќ, додека сè уште се трага за телото на малата Данка.
Постариот Драгијевиќ објаснува дека некои од комшиите се солидаризираат со него и му испраќаат пари на Дејан во затвор.
„Дејан има пари на картичката, но не може да плаќа со неа во кантината, Затоа една моја сосетка му испрати пари за цигари. Никој не ми кажа како е, но адвокатот ќе го посети во затвор на 7 јули. Би му испратил пари, но во моментов ги немам. Имам многу обврски околу плаќањата, а утре ќе ги одбележам помените на сопругата и синот“, раскажал Драгојевиќ.
Како што додава, денес се подготвува за 40 дена на сопругата и синот.
„Набавив сè, и храна и пијалаци. Морам да ги разместам масите, бидејќи утре ќе бидам дома за да одбележам 40 дена од смртта на Светлана, а и на мојот син Далибор. Некои соседи кои доаѓаат кај мене ми донесоа храна како прилог. А, и јас не сум добар, лошо се чувствувам, сам сум кога ќе се разбудам и нема никој наоколу“, вели Раде и додава:
„Секое утро околу 6 часот одам на гробишта кај синот и сопругата. Таков е обичајот кај нас – да се оди 40 дена секој ден. Потоа доаѓам дома, како некој самотник. Дури ни брат ми не ми се јави откако излегов од затвор, ниту да праша како сум“, заклучува Драгијевиќ.
Данка Илиќ (2) беше убиена на 26 март во Бањско Поље. За ова дело осомничени се Драгијевиќ од Злот и неговиот колега од борскиот „водовод“, Срѓан Јанковиќ (50). И двајцата се во притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…