Објавено на:

Сирени за воздушна опасност во Ал-Азрак во Јордан, причината засега непозната

t

Сирени за воздушна опасност вечерва, според првичните информации, се активирани во областа **Ал-Азрак во Јордан**, во момент на исклучително високи тензии на Блискиот Исток.

Засега **нема официјална потврда што ја предизвикало тревогата**, ниту информации за евентуални проектили или беспилотни летала насочени кон јорданска територија.

Ситуацијата привлекува
дополнително внимание бидејќи во близина на Ал-Азрак се наоѓа **воздухопловната база Мувафак Салти**, која ја користат и американските сили. Базата во изминатите месеци веќе беше цел на ирански напади. На 9 септември јорданската армија соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана пресретнала 18 од 20 балистички ракети истрелани од Иран, додека две паднале во ненаселени области.

Новата тревога доаѓа во период на засилена регионална воена активност и само неколку недели по претходните напади кон областа Ал-Азрак.

Во овој момент **не е потврдено дека сирените се поврзани со ирански напад**. Нема ниту официјални информации за експлозии, пресретнувања или евентуални жртви и материјална штета.

Јорданските власти досега повеќепати ја активираа воздушната одбрана поради проектили кои се движеле кон или низ воздушниот простор на земјата.

Се очекуваат дополнителни информации од јорданските вооружени сили за причината за вечерашната тревога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп вети пет илјади долари за секој…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно им вети…

Тепачка меѓу навивачите на Работнички и МЗТ…

Физичка пресметка меѓу навивачките групи „Сити Парк…

Техеран тврди: Саудискиот министер за одбрана предупредил…

Иранскиот шеф за национална безбедност, Мохсен Резаи,…

Тврдења за обид да се спречи слетувањето…

Во Полска се појавија медиумски тврдења дека…

Масовна тепачка пред СЦ „Јане Сандански“во Аеродром,…

Масовна тепачка вечерва се случила на крстосницата…