“Сиромав човек, жив ѓавол”: Скопјанка земала кредит со лажна исправа па заработи кривична пријава

t

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.З.(51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „измама при добивање кредит”, информираат од МВР.

Во текот на 2021 година, со намера да прикаже дека е кредитоспособна при аплицирање за одобрување ненаменски потрошувачки кредит во една од банките, кон апликацијата за кредит приложила лажна потврда за вработување и лични примања, наводно издаден од јавна здравствена установа.

На тој начин ги довела во заблуда одговорните лица во банката да ѝ одобрат ненаменски потрошувачки кредит во износ од 600.000 денари, за кој износ ја оштетила банката и се стекнала со противправна имотна корист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанка со тврд предмет го нападнала сопругот

Денеска (03.01.2024) во 04.20 часот во СВР…

Скопјанката која беше прјавена за исчезната, се…

На 01.01.2024 во 21.21 часот во Полициската…

Скопјанка брутално претепана од поранешното момче-ја влечел…

Вистинска голгота преживеала скопјанка која во средата…

19-годишна скопјанка претепана пред угостителски објект

Млада скопјанка била нападната пред угостителски објект…