Сирски: Ситуацијата на фронтот е исклучително тешка, Русите се обидуваат да ја пробијат одбраната источно од Часив Јар
Врховниот командант на вооружените сили на Украина Александар Сирски изјави дека ситуацијата на фронтот со руските сили е особено тешка во правците Бахмут и Авдејевка.
„Русија сега напаѓа дење и ноќе, користејќи јуришни групи поддржани од оклопни возила. Нејзината цел не е променета, непријателот сака да стигне до административната граница на регионот Доњецк“, изјави Сирски.
Според него, особено е тешко за вооружените сили на Украина во правец на Бахмут, во областите источно од Часив Јар и Клешчејевка, пренесува Ројтерс.
Сирски додаде дека ситуацијата е тешка и во правец на Авдејевка и изјави дека најтешките борби продолжуваат и денеска на подрачјето на Первомајско и Водјаног, како и источно од Часив Јар, каде руските сили се обидуваат да ја пробијат украинската одбрана.
Врховниот командант изјави дека Часив Јар е под контрола на украинските сили.На 5 април проруските власти објавија дека руските сили влегле во предградијата на градот Часив Јар, во регионот на Доњецк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО бара притвор за таткото кој пијан…
Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по кривична…
Зеленски го нарече Путин „убиец“ откако Трамп…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече Владимир…
Гром го погоди авионот на „Ер Србија“…
Авионот на компанијата „Ер Србија“, кој во…
(Видео) Пентагон објави нов пакет декласифицирани документи…
Американското Министерство за одбрана во четвртокот објави…
Бугарија ѝ предаде на Турција двајца криминалци…
Бугарија ѝ предаде на Турција двајца мажи…