Сирски: Украина минатиот месец повратила 50 квадратни километри од територијата
Украина во текот на март ја повратила контролата врз речиси 50 квадратни километри територија окупирана од Русија, изјави денеска началникот на Генералштабот на украинската армија, Олександр Сирски, потпирајќи се на своите успеси од почетокот на годината.
Сирски додаде дека со промената на временските услови, руските сили ги интензивирале своите офанзивни операции и ги спроведуваат по речиси целата линија на фронтот, долга 1.200 километри.
Сирски рече дека областа околу источниот град Покровск, која Русија се обидува целосно да ја освои од средината на 2024 година, била меѓу најинтензивните места на борби во март.
Тој, исто така, ги издвои Олександривка, Костантиновка и Лиман на југоисток и исток како „најжешки жаришта“ во посочениот период.
Украинските контранапади на југоисток помогнаа да се попречат руските напори околу Покровск и пролетната офанзива на Русија воопшто, наведуваат украински воени аналитичари.
Сирски минатата недела истакна дека од крајот на јануари, Украина ја вратила контролата врз 480 квадратни километри територија, а претседателот Володимир Зеленски претходно овој месец ја опиша ситуацијата на фронтот како најдобра за Украина од средината на минатата година.
Со цел да ги намалат офанзивните капацитети на Русија, украинските сили одржуваа високо темпо на напади врз воени, одбранбено-индустриски и други објекти во Русија, рече Сирски.
Украина во текот на минатиот месец нападна 76 такви цели, вклучувајќи 15 објекти од индустријата за преработка на нафта, објасни генералот.
Украина ги засили нападите врз руските пристаништа, рафинерии и фабрики за ѓубрива во обид да ги ограничи приходите на Москва од извоз на стоки, бидејќи војната меѓу САД и Израел со Иран ги зголеми глобалните цени, објавуваат британските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сирски: Украина минатиот месец повратила 50 квадратни…
Украина во текот на март ја повратила…
Муцунски: Исполнување на копенхашките критериуми, но клучна…
Особено ја цениме јасната позиција дека евроинтеграцискиот…
Правда ги прибира документите за можна екстрадиција…
Во Министерството за правда велат дека ја…
Дали горивата ќе поевтинат или не? Владата…
Владата најавува ново намалување на цените на…
Трамп: Му реков на Џинпинг да не…
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за…