Сите патни правци се проодни, остатоци од кашест снег има на повисоки места во западните делови од Македонија

t

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива по влажни коловози во западните делови од државата, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“.

Како што информира јавното претпријатие, во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни.

-Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони, соопшти ЈП „Македонијапат“ и апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и приспособување на брзината кон условите на патот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите патни правци се проодни, остатоци од…

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива…

(Фото) Вее снег на Стража

Вечерва вее снег на Стража. Сообраќајот на…

По исклучувањето на струјата на УКИМ, Јаневска…

По исклучувањето на струјата во Ректоратот и…

Калин Ѓорѓеску излезе од притвор и ќе…

Апелациониот суд во Букурешт ја одби жалбата…

Пет жени нападнати од своите сопрузи: Ги…

На 22.11.2026 во 17:10 часот, полициски службеници…