Сите полициски службеници кои се погрижија за достојно чествување на Гоце Делечев ќе бидат наградени со 10% додаток на плата
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, соопшти дека припадниците на МВР кои придонесоа за мирно и достоинствено чествување на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, ќе бидат наградени со 10% додаток на нивните плати.
– Почитувани граѓани,
Почитувани колеги,
Како министер за внатрешни работи го искористив правото што ми го дава Колективниот договор на МВР ( чл.160, 161 и 162) и на денешната седница и’ предложив на Владата, која го усвои Заклучокот за исплата на додаток за работна успешност од 10% на припадниците на македонската полиција кои беа ангажирани на терен на 4 февруари.
Согласно заклучокот, сите полициски службеници кои во саботата се погрижија за достојно чествување на 151 година од раѓањето на великанот Гоце Делчев, ќе бидат наградени со исклучителна компонента – додаток за работна успешност во висина од 10% од основната компонента на платата на работникот, за што средствата се обезбедени во Буџетот на МВР. – вели Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…
Оти вие не знаете, на сета мака…
(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…
Не сме глупави, нема да молчиме, не…