Сите ракети ги достигнале целите: Путин лично ги следи нуклеарните вежби!
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ги надгледува вежбите за нуклеарно одвраќање, пренесуваат светските медиуми
Рускиот претседател Владимир Путин ја надгледуваше обуката на копнените, морските и воздушните сили за стратешко задржување, при што беше извршено лансирање на балистички и крстаречки ракети, пренесуваат руските и западните медиуми.
Вежбите ги следеше од ситуациониот центар на Кремљ и преку видео врска го слушаше извештајот на министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герсимов.
„Задачите предвидени за време на обуката на силите за стратешко задржување беа извршени во целост, сите проектили стигнаа до своите цели, потврдувајќи ги поставените карактеристики“, се вели во соопштението на Кремљ.
Во својот извештај до претседателот, министерот за одбрана Шојгу наведе дека во согласност со планот за подготовка на вооружените сили на Русија, била спроведена обука за управување со руските сили „за време на која биле извпрени зацртаните задачи за изведување нуклеарен удар од стратешките офанзивни сили како одговор на нуклеарен напад од непријателот
Путин на 19 февруари ги следеше и вежбите на стратешките сили за одвраќање со лансирање на балистички ракети. Како што нагласи Министерството за одбрана на Русија, тие вежби претходно биле планирани за проверка на подготвеноста на воените командни тела, лансирање борбени екипажи, екипажи на воени бродови и стратешки ракетни носачи за извршување на поставените задачи, како и доверливост на оружјето. на стратешките нуклеарни и ненуклеарни сили.
Во вежбите беа вклучени силите и средствата на Воздухопловните сили, Јужниот воен округ, Ракетните стратешки сили, Северната и Црноморската флота.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија губи 6.000 војници месечно повеќе во…
Месечните загуби на Русија во Украина го…
Туск: Русија подготвува ескалација во Украина и…
Полскиот премиер Доналд Туск денес во Олстин…
Зеленски ѝ нареди на армијата да лансира…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Се запали една од најголемите руски рафинерии,…
Украински беспилотни летала ноќеска ја погодија рафинеријата…
Директорот на руската служба потврди дека се…
Директорот на руската служба за надворешно разузнавање,…