Сите се домашни изведувачи! Град Скопје ја објави празничната програма: Над 50 музички имиња од македонската естрада ќе настапат на плоштад!

t

Во Скопје на плоштад сепак ќе има организиран дочек на Новата година. Од Град Скопје во соработка со ,,Комора на музичката индустрија,, ја објавија празничната програма, и најавуваат новогодишна еуфорија.

За време на настаните, најавени се многу забавни активности, но и настапи на голем дел од нашата естрада.

Објавени се и музичарите кои ќе настапат за време на новогодишниот дочек.

Оние кои решиле да ја дочекаат Новата година на плоштад, ќе се забавуваат со настапите на Сузана Гавазова, Блага Петреска, Стојне Николова, Дарио, Слаткар…

Претходните денови пак, на празничниот базар ќе настапуваат Миле Кузмановски, Ламбе Алалбаковски, Куку Леле, ДНК, Антониа Гиговска, Анета Љумаковска, Нино Величковски, Марјан Коцев, Бени Нон Стоп, Елена Велевска, Некст Тајм и многу други. Над 50 музички имиња од домашната сцена ќе имаат учество во празнината програма во главниот град.

Водители на настаните ќе бидат Лила Филиповска, Марјана Станојковска, Јана Бурческа, Димитар Атанасовски, Ненад Ѓорѓиевски и Марко Новески.

Во продолжение, целосното соопштение од Град Скопје по повод празничните настани.

-Во екот на предновогодишните настани и случувања, „Комора на музичка индустрија“, во соработка со „Град Скопје“ подготвуваат поинакво празнично доживување за сите генерации. Од 25.12.2023 започнува празничниот базар, на Плоштад Македонија ќе владее новогодишна еуфорија до 07.01.2024 и сите патишта ќе водат кон центарот на Скопје.

Градот убав Ве кани сите на четиринаесетдневна дружба исполнета со богата музичка програма, разновидни активности, детски новогодишни претстави и многу празнични дарувања.

Конечно публиката ќе има можност да ужива во празнична атмосфера со убава македонска музика, на настапите на најпопуларните имиња од домашната сцена.

Раководството на „Комора на музичка индустрија“ овозможи музичка програма за сечиј вкус, од најпопуларните изведувачи меѓу помладата публика, до македонските музички ветерани. Во понеделник (25.12.2023) празничниот базар ќе се отвори со настапот на младите талентирани музичари од Дајте музика, забавата ќе продолжи со музиката на бендот Брастет Скопје, а атмосферата ќе ја вжештат Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд.

Во текот на празничниот базар свои настапи ќе имаат ЕРА ѕвездите, Ана Петановска, Мите Стоилов, Мартинијан Кириловски, Мила Николовска и Џенгис Мемедоски, Елена Ристеска, Каан Мазхар, Даниела Темелковска, Поточиња, Бени Нон Стоп, Љубојна, Пајак, Благоја Грујовски и Елена Велевска, Куку Леле, Група Саут Парк, Ареа, Фолтин, диџеј Ерик Фокс, Скопје Лејдис Оркестра, Јанг Дади, Симона Попоска, Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска, Ринг Тонс бенд, Дани Димитровска, диџеј Ампов, Два Бона, Лозано, КУД Скопје, Нино Величковски, Полина Тасева, Група Мјузаик, Теа Трајковска, Дупер, Антониа Гиговска, ДНК, Марјан Коцев и Анета Љумаковска, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Sarah Mace & The Christmas Girls, Аманет, Фиц D’invisibles, Некст Тајм.

За дочекот на Новата 2024та година, на Плоштад Македонија ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.

Дел од празничната програма се и многу детски претстави, меѓу кои и претставата „Исполнета желба“ од Театар за деца и младинци, детската шоу програма Биби и Боби, настапот на 300 деца од Еурека и Брејк а лег, детски маскоти, сликање со дедо мраз и делење подароци.

Низ празничниот базар ќе ве водат Лила Филиповска, Марјана Станојковска, Јана Бурческа, Димитар Атанасовски, Ненад Ѓорѓиевски и Марко Новески.

Комора на музичка индустрија во соработка со Град Скопје, со спонзорство на Дајмонд Мол подготвија празнична бајка во центарот на Скопје.

Градот убав Ве кани сите да бидете дел од овој магичен празничен базар и заедно да создаваме спомени- наведуваат од организацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Учениците од утре на пролетен распуст

Првпат има промена и во календарот за…

Зеленски: Светот мора да изврши притисок врз…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот…

Ахмети: Ќе ја запечатиме победата на 8…

Лидерот на ДУИ побара од граѓаните поддршка…

Во центарот на Куманово откриен мурал со…

Мурал посветен на Бобан Трајковски, еден од…