Сите ќе си умрат? Песков: Странските платеници не може да сметаат на заштита согласно Женевската конвенција
Прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков ги нарече Американците заробени во Украина „војници на среќата“ кои учествувале во нападите врз руската војска и јасно стави до знаење дека не можат да сметаат на заштитата на Женевската конвенција.
„Тие се војници на среќата и учествуваа во незаконски активности на територијата на Украина. Тие учествуваа во гранатирањето на нашата војска. Тие им се закануваа на нивните животи и мора да одговараат… за злосторствата што ги направија“, рече Песков во интервјуто за MSNBC.
Стејт департментот претходно соопшти дека ги проверува информациите за двајца американски државјани кои наводно биле заробени во Украина, каде што отишле да учествуваат во воените дејствија на страната на Киев.
Песков нагласи дека не ги смета Американците за членови на украинската армија.
„Не би навлегувал во објаснување на правната страна на нивното заробеништво. Едно е јасно – тие извршиле злосторства. Тие не се членови на украинската армија. Женевската конвенција не се однесува на нив“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…