„Сити парк Бојс“ во клинч со полицијата
Кошаркарите на Работнички и на МЗТ Скопје вечерва, во салата СРЦ „Кале“ го играат вториот полуфинален плејоф-меч, кој во првото полувреме донесе искри на трибините, но и крајно невообичаена ситуација на паркетот.
Меѓусебното вербално препукување помеѓу навивачките групи на двата тима донесе до обид за меѓусебна пресметка со претрчување преку цел терен, што беше спречено со брза интервенција на присутните полицајци. Во тие моменти дојде до мало туркање помеѓу припадниците на „Сити Парк Бојс“ и луѓето од МВР, кое не донесе ништо посериозно и кое брзо беше смирено.
Нешто претходно, пак, играта беше сопрена поради канонадата со хартиени ролни фрлени од гостинските фанови. И, додека целото внимание беше насочено кон случувањата кај навивачите на Работнички, апсолутно никој не презеде ништо да се исчисти паркетот, иако домаќинот е должен да обезбеди таква служба. Кошаркарите од двата тима кога сфатија дека никој нема да им обезбеди чист терен за продолжување на средбата, зедоа самите да го соберат хартиените ролни за средбата да може да се доигра. Првото полувреме не донесе убава, туку тврда кошарка, а заврши со водство на гостите од Аеродром (42-34) обезбедено во вториот период (24-16).
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УЈП ја објави листата на должници: 2.008…
Даночен долг кон државата од над 13,64…
Гори на три локации низ Македонија, четири…
На ден 11/12.09.2026 година, до 07:30 часот,…
Путин: Резултатите на АфД се последица на…
Победата на Алтернатива за Германија на изборите…
Зошто се менува светската карта по пет…
Картата на светот што генерации ја гледаат…
Конечно разладување: Денеска дожд, невреме и пад…
По периодот на високи температури, денеска конечно…