Ситно одбројуваме: Дали Меси конечно ќе освои СП?
Еден од клучните луѓе за трансферот на Лионел Меси во Барселона на почетокот на овој век Фабијан Солдини изјави оти аргентинскиот капитен ќе даде сè уште од себе да го подигне пехарот на претстојното Светско првенство во Катар.
Солдини беше првиот менаџер во кариерата на Меси и еден од најодговорните за неговото доаѓање во Барселона во 2000 година.
– Кога бев во неговиот дом во 2015 година, а претходно речиси десет години се немавме видено, тој ми рече: „Фаби, една година се будев среде ноќ размислувајќи за финалето на СП против Германија. Не можам да спијам, обелодени Солдини во интервју за аргентинскиот сајт „Infobae.com“.
Германија во финалето на СП2014 ја победи Аргентина на пенали и ја освои титулата светски првак.
– Аргентина е неговата љубов, Ниту Нувелс, ниту Барселона, ниту ПСЖ. Тој ја сака својата репрезентација … Меси живее за Аргентина и ќе даде сè од себе да ѝ донесе трофеј во Катар, посочи Солдини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…