Ситуацијата во Донбас е алармантна: ОБСЕ свика вонреден состанок на Постојаниот совет
Полска свикува вонреден состанок на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) поради честите гранатирања во Донбас, објави постојаниот претставник на Полска во ОБСЕ, Адам Халачински.
„На барање на претставништвото на Украина во ОБСЕ, ќе свикам вонреден состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ“, напиша Халачински на Твитер.
Тој ги покани специјалниот претставник на претседавачот со ОБСЕ во Украина, Мико Кинунен, како и шефот на специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина, Јашар Халит Чевик, да учествуваат на средбата.
„Решавањето на безбедносните прашања е клучна задача на ОБСЕ“, додаде Халачински.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белата куќа на состанок со големите компании…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе…
Започна инаугуративниот состанок на Одборот за мир
Во Вашингтон започна инаугуративниот состанок на Одборот за…
Калас: Донбас не е крајната цел на…
Шефицата на Европската Унија за надворешна политика…
Трамп: Поканети сме на состанок во Европа,…
САД се поканети на состанок во Европа…
Вучиќ претпладнево на затворен состанок со тимовите…
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претпладнево…