Објавено на:

Сијарто до ЕУ: Заканите со бојкот нема да ја принудат Будимпешта да ја прекине мировната мисија

t

Одбивањето на раководството на ЕУ да преговара со Унгарија и заканата со бојкот нема да ја принудат Будимпешта да ја прекине мировната мисија за решавање на конфликтот во Украина, изјави за РИА Новости министерот за надворешни работи на таа земја, Петер Сијарто.

„Сите провоени политичари во Европа скокнаа веднаш по почетокот на оваа мировна мисија. И ни се заканија со бојкот, со одбивање да преговараат меѓу себе, се заканија дека ќе не игнорираат. Знаете, нападите како овој не нè одвраќаат од продолжување на мировната мисија, тие не охрабруваат да вложиме повеќе напори за промовирање на мирно решавање на оваа војна во Украина“, рече Сијрото, одговарајќи на прашањето дали унгарското претседателство со ЕУ добило реални закани за практични чекори од раководството на Европската унија по мировната мисија на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во исто време, Сијарто истакна дека администрацијата на премиерот е веќе навикната на ваков напад.

„Ние сме патриотска влада, ние сме не-мејнстрим влада, ние сме под финансиски санкции од Европската унија. Затоа не гледам како тие можат да ни се закануваат повеќе од сега“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она…

Папата Лав XIV денеска ја осуди евтаназијата…

Фон дер Лајен најави помош од речиси…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Малолетник се здобил со тешки повреди откако…

Малолетник е тешко повреден откако бил удрен…

Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот

Центарот за управување со кризи информира дека…

Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…

Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…