Сијарто: Европа не смее да финансира корумпирани украински групи
Ниту едно евро од парите на европските даночни обврзници во иднина не треба да се испраќаат во Украина бидејќи „постои голема веројатност дека парите ќе отидат за финансирање на воената мафија, мрежата за корупција“, изјави денес шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.
– Гледаме како европските пари неконтролирано течат во Украина. Гледаме дека овие пари можат да се потрошат за финансирање на воената мафија. Не е ни чудо што никој во Европа не видел ниту еден веродостоен извештај за тоа како се потрошени парите испратени од луѓе во Украина – посочи Сијарто.
Тој додаде дека „се урна доминото на корупцијата во Украина околу украинскиот претседател“.
Сијарто, кој е во посета на Софија, посочи дека се согласиле со претседателот на Бугарија Румен Радев да ги поддржат мировните напори, како и договореното решение, бидејќи војната помеѓу Русија и Украина никогаш нема да заврши на бојното поле.
– Решение може да се постигне само преку дипломатски напори. Може да се постигне само на преговарачка маса. Затоа Унгарија останува подготвена да биде домаќин на самит за мир на високо ниво и продолжува да ги поддржува напорите на американскиот претседател Доналд Трамп – наведе Сијарто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…
Полска ги предупреди европските сојузници дека во…