Сијарто: Итни преговори за мир во Украина!
Мировните преговори за Украина треба да започнат сега, доколку конфликтот продолжи постои ризик од ескалација, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Конфликтот во Украина нема да заврши на фронтот, неопходно е итно да се започнат преговорите“, изјави унгарскиот министер кој учествува на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
Тој исто така рече дека Унгарија нема да учествува во операциите на НАТО кои би доведоа до директен конфликт со Русија.
„Пред две и пол години НАТО донесе одлука дека Алијансата не може да биде дел од тој конфликт и ние мора да направиме се за да избегнеме директен конфликт меѓу НАТО и Русија“, изјави тој за новинарите на маргините на форумот.
Унгарија е против какви било одлуки што би го доближиле НАТО да стане дел од тој конфликт, додаде Сијарто.
„Ние веруваме дека одлуките на НАТО како обука на војници или испраќање оружје во Украина ја доближуваат Алијансата до учество во војната, а ние не го сакаме тоа. Многу јасно ставаме до знаење дека нема да учествуваме во испраќање оружје во Киев, обука на војници и нема да се занимава со финансирање“, посочи тој.е шеф на унгарската дипломатија.
Според него, Унгарија ќе учествува на конференцијата за Украина, која се одржува на 15 и 16 јуни во Швајцарија.
„Јас ќе ја претставувам земјата“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…