Сијарто: Очекувам „провоено цунами“, но Унгарија нема да поддржи воена операција на ЕУ во Украина
Унгарија нема да поддржи воена операција на ЕУ во Украина или какво било друго решение што е во спротивност со мировниот процес, изјави министерот за надворешни работи на земјата, Петер Сијарто.
„Денес, Советот на министри на ЕУ се состанува во Копенхаген, каде што ќе се соочиме со провоено цунами. Мислам дека денес ќе се обидат да го скршат нашиот отпор и нашиот став во корист на мирот. Нови транши пари и оружје за Киев, туркање на Украина во ЕУ со сила, одлуката за воена операција на ЕУ… голем притисок да се откажеме од нашиот мировен став. Нема да поддржиме какво било решение што е во спротивност со интересите на Унгарија и мировниот процес“, напиша Сијарто на мрежата X.
Распоредувањето на мировници на историските територии на Русија може да доведе до Трета светска војна, изјави неодамна секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу. „Политичарите со здрав разум во Европа разбираат дека реализацијата на такво сценарио може да доведе до директен конфликт меѓу НАТО и Русија, а потоа и до Трета светска војна“, изјави Шојгу за руските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нова блокада на патот кон ЕУ: Словенија…
Словенија нема да даде согласност за натамошен…
„Ниту една повеќе“ не сака политичари и…
Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ објави на…
Кравите од Крива Паланка ќе одат во…
Одземениот добиток од подрачјето на Општина Крива…
(Видео) Додека вработениот бил на петочна молитва,…
Маскирани разбојници денеска, сред бел ден, влегоа…
По брзите кредити, кои веќе нема да…
По брзите кредити, на ред се банкарските…