Сијарто: Русија ќе обезбеди испорака на гас за Унгарија и покрај поскапувањето на транзитот низ Бугаријa
Русија ја увери Унгарија дека „Гаспром“ целосно ќе ги исполни своите договорни обврски за испорака на гас, и покрај намерата на Бугарија да ја зголеми цената на својот транзит низ нејзина територија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за телевизијата „М1“ на маргините на Меѓународниот форум „Појас и пат“ во Пекинг.
Министерот посочи дека на средбата меѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан и рускиот претседател Владимир Путин, меѓу другото, се разговарало и за одлуката на Бугарија да ја зголеми транзитната цена на рускиот гас. На средбата присуствуваа и потпретседателот на руската Влада Александар Новак и директорот на Гаспром Алексеј Милер.
Сијарто одлуката на бугарските власти за зголемување на таксите за транзит на гас од Русија за Србија и Унгарија ја нарече „непријателска“ и „неоснована“, бидејќи „испораката на гас од Русија не подлежи на санкции“.
„Генералниот директор на „Гаспром“ не увери дека компанијата ќе продолжи да ги исполнува своите обврски, односно да ја испорача потребната количина природен гас во Унгарија во согласност со нашиот долгорочен договор“, рече Сијарто и додаде дека тоа е потврдено од вицепремиерот кој е задолжен за енергетика, а „претседателот Путин исто така јасно стави до знаење дека ќе ги исполни своите договорни обврски кон Унгарија“.
Според него, Унгарија и Србија ќе ги „усогласат своите позиции“ и „нема да ја остават одлуката на Бугарија без одговор“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретнаа во вторник на маргините на Меѓународниот форум „Појас и пат“ во Пекинг, кој се одржува од 17 до 18. октомври.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…
И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…
Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…
(Видео) Европа во пламен! Еве каде сѐ…
Протести поради растот на трошоците за живот,…
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…