Сијарто: Унгарија нема да го поддржи следниот пакет европски санкции за Русија
Унгарија нема да се согласи на усвојување на 12-тиот пакет антируски санкции на ЕУ доколку тој пакет ги опфати гасот, нафтата и нуклеарниот сектор на руската индустрија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Можам прецизно да ви кажам: ако во следниот пакет има нешто што е во спротивност со нашите национални интереси, ние нема да се согласиме со неговото усвојување. „Црвената линија за нас очигледно се однесува на енергијата, гасот, нафтата, атомската енергија и сите други аспекти кои можат да предизвикаат штета на нашата економија“, рече Сијарто во интервју за Спутник.
Тој додаде дека Будимпешта, како целина, не верува дека политиката на санкции на ЕУ кон Русија треба да продолжи, бидејќи таа не дава резултати.
„Санкциите можат да ја погодат Русија или да ја оштетат, но дефинитивно предизвикуваат голема штета на европската економија, европските земји. И ако таа политика на санкции им нанесува поголема штета на оние кои ја воведуваат отколку на оние против кои е насочена, тогаш која е поентата, зошто да се продолжи?“, праша унгарскиот министер.
Што се однесува до конкретни поединци, Унгарија има многу јасна позиција, рече тој.
„Ако некој направил нешто добро за Унгарија, ги спасил животите на Унгарците, овозможувајќи на пример купување вакцини, или ако тие играат важна улога во обезбедувањето на безбедноста на снабдувањето со енергија на нашата земја – зошто да ги ставиме на санкции список кога знаеме дека не ѝ направиле ништо лошо на нашата земја“, рече тој и како пример го наведе тоа што Унгарија не воведе санкции против рускиот вицепремиер Денис Мантуров затоа што и помогнал на Унгарија.
Истото важи и за министерот за здравство Михаило Мурашко.
„Сметаме дека спортот не треба да се меша со политиката, па така е и со министерот за спорт на Русија“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Австралија не разговара со ЕУ за придружно…
Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…
Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…
Земји како Австралија и Нов Зеланд би…
Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…
Русија бара меѓународен договор за забрана на…
Русија денеска побара да се подготви меѓународен…
Германија ги подготвува болниците за можна војна…
Германија го подготвува својот здравствен систем за…