Објавено на:

Сијарто уништува тајни документи во унгарското МНР, вели Маѓар

t

Унгарскиот новоизбран премиер Петер Маѓар го обвини министерот за надворешни работи во заминување Петер Сијарто дека во Министерството за надворешни работи уништува доверливи документи поврзани со санкции, повикувајќи се на извори однатре, за време на прес-конференција во Будимпешта денеска. Министерството засега не одговорило, објави „Јуроњуз“.

Новоизбраниот унгарски премиер Петер Маѓар го обвини министерот за надворешни работи во заминување, Петер Сијарто, дека сече доверливи документи.

Маѓар ова го изјави на меѓународна прес-конференција во Будимпешта, еден ден откако тој и неговата партија Тиса остварија убедлива изборна победа, освојувајќи двотретинско мнозинство во унгарскиот парламент.

За време на изборната кампања, Сијарто беше обвинуван дека одржува блиски врски со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и дека му нудел на Москва помош Унгарија да отстрани руски поединци од списокот на санкции на Европската Унија.

Маѓар добил белешка за време на прес-конференцијата, која веднаш ја споделил со новинарите.

– Тукушто ја добив оваа информација, ќе ја споделам со вас. Многумина мислеа дека унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто исчезнал, бидејќи вчера не можеше да се види за време на победничкиот говор на Виктор Орбан. Денеска во 10 часот се појавил во Министерството за надворешни работи и оттогаш тој и неговите најблиски соработници уништуваат документи поврзани со материјалите за санкциите – рече Маѓар.

Маѓар додаде дека информацијата доаѓа од извори од самото министерство, каде што, како што рече, многу службеници активно ѝ помагаат на неговата партија Тиса.

– Ова е она што моментално се случува во Унгарија. Со денови знаеме дека почнало уништувањето документи, не само во министерствата, туку и во други придружни институции поврзани со елитите на Орбан – изјави Маѓар.

Унгарското Министерство за надворешни работи засега не одговорило на барањето за коментар од „Јуроњуз“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сијарто уништува тајни документи во унгарското МНР,…

Унгарскиот новоизбран премиер Петер Маѓар го обвини…

Кина со жестока реакција на американската блокада…

Кина ја повика меѓународната заедница да заземе…

Советник на полскиот претседател: Трамп ја прекрши…

Висок советник на полскиот претседател, Карол Навроцки,…

Ајварот од Штип на светска сцена: Рита…

Македонскиот ајвар одамна не е само регионален…

Трамп со вонредно обраќање: Иран навистина сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето во…