Сиљановска: Билатералните прашања не смеат да бидат кочница за ЕУ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците на регионалната Конференција на австриски амбасадори од Југоисточна Европа, чиј домаќин е Амбасадата на Република Австрија во земјава и амбасадорот Мартин Памер.
Австриската делегација беше предводена од амбасадорка Елизабет Корнфајнд, генерална директорка за европски и економски прашања при Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија.
Сиљановска-Давкова рече дека делегацијата е доказ за синхронизирана и активна дипломатија што е важно за европската перспектива на регионот. Таа потенцираше дека Австрија е не само еден од најголемите економски инвеститори во земјава, туку и наш силен политички пријател и гласен поддржувач на проширувањето на ЕУ и на македонскиот евроинтеграциски процес.
Претседателката го реафирмираше ставот дека интеграциите мора да се базираат исклучиво на Копенхашките критериуми и на заслугите и дека билатералните прашања не треба да бидат инструмент за блокада на овој процес.
Сите австриски амбасадори отворено го поддржаа македонскиот пат кон ЕУ, потенцирајќи дека европската перспектива на земјите од Западен Балкан и изнаоѓањето решенија за забрзување на интеграциите се во фокусот на нивната регионална конференција. Тие го делат ставот на Претседателката дека регионалната соработка и пристап се клучни за европските интеграции.
Воедно, се согласија дека во актуелниот геополитички контекст, проширувањето на ЕУ претставува безбедносен императив. Повикаа на почитување на владеење на правото, меѓународните договори и меритократијата.
Соговорниците изразија подготвеност за натамошно продлабочување на македонско-австриските односи и за заедничка европска иднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…