СИЉАНОВСКА-ГУТЕРЕШ: Македонската евроинтеграција треба да се случи што е можно побрзо
Македонската евроинтеграција целосно заслужено треба да се случи што е можно побрзо, истакнал генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш на денешната средба со претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Њујорк.
Како што информираат за МИА од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова, на средбата таа ги потенцирала принципите на ОН како основа на која што мора да функционира меѓународниот поредок без разлика дали се работи за мали или големи држави.
Во случајот со македонската евроинтеграција, рекла Сиљановска Давкова, не смее да се дозволи билатерализацијата да стане камен на сопнување за проширувањето на Европската унија која настана како мировен процес.
Како што јави известувачот на МИА од Њујорк, генералниот секретар на ОН на средбата искажал несогласување со пречките кои што Северна Македонија ги има на патот кон ЕУ. Гутереш порачал дека е голем почитувач на македонската евроинтеграција и ја потенцирал својата лична солидарност за напорите на земјата да биде дел од ЕУ.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на маргините на Генералното собрание на ОН денеска ќе се сретне и со генералниот секретар на Советот на Европа Алан Берсе.
Вечерва ќе се сретне со претставници на нашата дијаспора во Њујорк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…