Сиљановска-Давкова: „Блесок 26“ беше момент на блескање на нашата Армија
Презентација на воена опрема, возила и способности на армиските единици денеска имаше македонската Армија на Градскиот стадион во Штип. По успешно реализираната вежба „Блесок 26“, граѓаните имаа можност одблиску да се запознаат со вооружувањето, подготвеноста и секојдневните активности на припадниците на Армијата. Преку показни вежби, демонстрации и презентации, беа претставени дел од капацитетите и вештините на различни армиски единици. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која присуствуваше на настанот во Штип оцени дека вежбата „Блесок 26“ е потврда за високата обученост на македонската Армија.
– „Блесок 26“ беше момент на блескање на нашата Армија. Блесок беше момент кога лесниот пешадиски баталјон покажа дека е компатибилен, компарабилен со сите други слични на него во рамките на НАТО. Добивме печат за извонредност, за квалитет, а тоа е впрочем доказ дека погледот на Армијата не е случаен кај вас. Токму затоа што Армијата е најголемиот столб и гарант на мирот, на безбедноста и секогаш е таму каде што е најпотребно во мир и во војна. Да не говорам за елементарните непогоди, кога секогаш е на вистинското место. Но, нема повистинска средба од онаа со вас-рече Сиљановска-Давкова.
Началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Сашко Лафчиски од говорницата порача дека Армијата останува посветена на граѓаните и секогаш подготвена да биде таму каде што е најпотребно. Тој се заблагодари на институциите за поддршката и за заедничката работа во изминатиот период.
-Наша обврска е и ќе остане да бидеме секогаш тука за граѓаните. Благодарност до министерството, до Владата, до сите институциии што во овој изминат период работеа заедно со нас, кои моментално сме на овие позиции, но и на сите претходни, рече Лафчиски
Настанот привлече голем број граѓани, кои имаа можност директно да ја почувствуваат блискоста и улогата на Армијата во заштитата и безбедноста на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина…
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка и изрази…
Сиљановска-Давкова: Aрмијата е фактор на стабилност, безбедност…
Македонската Aрмија денес е високо организирана воена…
Мисајловски: Продолжуваме со уште позасилено темпо да…
Македонската Армија денеска, 18 август, одбележува 34…
34 години АРМ: Модерна, современа и целосно…
Армијата денеска одбележува 34 години од формирањето…
Армијата доби 53 нови офицери, Мисајловски: Ќе…
Македонската Армија денеска доби 53 нови офицери…