Сиљановска Давкова вели дека бил нарушен уставниот принцип на поделба на власта
Македонската претседателка, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, му рекла дека во земјата бил нарушен уставниот принцип на поделба на власта. Во соопштението од нејзиниот кабинет за средбата не се наведува во што бил нарушен тој принцип.
„Во контекст на владеење на правото како прв и најважен критериум од Копенхаген, претседателката ги посочи актуелните внатрешни предизвици врзани за нарушениот уставен принцип на поделба на власта без која нема парламентарна демократија“, стои во соопштението.
На средбата се разговарало за македонските аспирации за членство во Европската унија, како стратешки приоритет на државата. Сиљановска-Давкова истакнала дека поддршката од страна на нашите пријатели и партнери во ЕУ, вклучувајќи ја и Франција, за нас е високо ценета и значајна.
Таа очекува продолжување на пристапниот процес во ЕУ преку враќање на вербата во мериторниот процес на интеграција, со фокус на исполнување на Копенхашките критериуми. Сиљановска-Давкова се надева дека историските прашања, стари и по сто години, нема да го преземат приматот на реформите кои се главен национален приоритет и очекува подлабока соработка со Франција за примена на француските искуства во развојот на демократијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предложен притвор за вработениот во ДЗС фатен…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Поднесено обвинение за злоупотреби против полициски службеници…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…
Агресивно се однесувал кон мајка си, приведен…
Четириесет и седумгодишен жител на Гевгелија бил…
Ноќеска издадено автоматско предупредување за земјотрес со…
Милиони жители во 17 европски земји биле…
Градоначалникот на Кочани ќе има средба со…
Во текот на оваа работна недела, градоначалникот…