Сиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници на македонската дијаспора

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во Будимпешта по повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, утрово се сретна со претставници на македонската дијаспора.

На средбата присуствуваа истакнати лица од областа на бизнисот, науката, образованието, информатичките технологии, како и студенти.

Тие ја запознаа претседателката со нивната улога и ангажман во општествениот живот на Унгарија, како и со актуелната состојба во земјата.

Соговорниците изразија желба за јакнење на македонско-унгарските односи. Дадоа предлози за промоција на државата пред унгарската јавност и подобро меѓусебно културно запознавање, посебно акцентирајќи ги можностите за развој на туризмот. Тие укажаа на потребата од отворање на културни центри во обете држави.

За Сиљановска-Давкова, континуираната комуникација со дијаспората, преку македонските дипломатски претставништва е особено важна за соработката и афирмацијата на татковината.

Претседателката изрази задоволство од етаблираноста и препознатливоста на малубројната македонска дијаспора во унгарското општество.

Таа укажа на важноста на културната дипломатија и ја поздрави нивната посветеност и активност врзана за негувањето на македонскиот јазик, култура и традиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во Будимпешта…

Фон дер Лајен: Длабоко сум вознемирена од…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Маж пронајден мртов во дом во Ѓорче…

На 22.10.2026 во 18:40 часот во СВР…

Ниту едно вето не може да го…

Македонија треба мудро и трпеливо да продолжи…

Пак гужва на ГП „Богородица“

Според информациите од Автомото сојузот на Македонија…