Сиљановска Давкова: Географски, историски и културно, отсекогаш сме биле дел од Европа

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со специјалниот претставник на Кралството Норвешка за Западен Балкан, Еирик Нестас Матисен.

Двајцата соговорници го поздравија сојузништвото на двете земји во НАТО, а Претседателката изрази благодарност за норвешката континуирана поддршка на македонските евроинтеграциски процеси, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет.

Таа истакнала дека географски, историски и културно, отсекогаш сме биле дел од Европа и дека на нашето пристапување кон Унијата гледа како на реинтеграција. Потенцирала дека како држава сторивме многу, па дури и го сменивме државното и уставно име, укажала на неопходноста од почитување на волјата на граѓаните, како и на политичкото достоинство. Претседателката, исто така, упатила на одредбите од договорот за ЕУ, Лисабонскиот договор, Повелбата за фундаменталните права, како и другите релевантни документи со кои се гарантираат националниот и културниот идентитет, како и еднаквоста на државите, пишува во соопштението.

Специјалниот претставник Матисен на средбата рекол дека и покрај тоа што Норвешка не е членка на ЕУ, целосно ги разбира нашите позиции во врска со блокадата на евроинтеграцискиот процес на државата. Тој дополнително нагласи дека денес, кога постојано се соочуваме со нови предизвици, посветеноста на принципите на меѓународното право и мултилатерализмот е поважно од кога било.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…

Велика Британија во разговори со ЕУ за…

Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…

Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…