Сиљановска-Давкова: ЕУ не може да биде глобален играч ако не го интегрира Западниот Балкан

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека проширувањето на Европската Унија не е само политика кон земјите кандидати, туку тест за способноста на Унијата да дејствува стратешки и да ја зајакне својата геополитичка улога.

Во обраќањето на 22, објави 4news.mk Европски самит во Салцбург, на сесијата „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“, Сиљановска-Давкова се осврна на европскиот пат на Македонија, состојбата на Западниот Балкан и потребата од реформирање на политиката на проширување.

Таа посочи дека Македонија од 35 години независност, 21 година има статус на земја кандидат за членство во ЕУ, при што, според неа, досега добила 17 позитивни извештаи за почеток на преговорите, постигнала висок степен на усогласување со европското законодавство и целосна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика.

Сиљановска-Давкова оцени дека земјата во процесот на евроинтеграција направила отстапки какви што, според неа, не биле барани од други европски држави.

„Ниту една европска држава на својот интегративен пат не понела толку тежок товар: го променивме државното знаме, уставното име и усвоивме 36 уставни измени, најголем дел диктирани од надвор“, рече претседателката.

Таа посочи дека условувањето на уставни промени со билатерални историски прашања отвора дилеми околу доследноста на европските принципи.

„Принудувањето на една држава да ја менува својата внатрешна правна структура за да се разреши историски спор отвора сериозно прашање за доследноста на европските принципи“, рече Сиљановска-Давкова.

Според неа, кредибилната перспектива за членство во ЕУ е клучна за стабилноста на Западниот Балкан, особено во услови на зголемени геополитички тензии и влијание на други меѓународни актери.

Претседателката оцени дека постои противречност меѓу амбицијата на ЕУ за поголемо глобално влијание и долготрајниот процес на интегрирање на Западниот Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова побара помош од дијаспората во спречувањето…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…