Сиљановска-Давкова: Илинден е приказна што тече, се пишува и допишува со крв и солзи, порази и победи.
По повод чествувањето на празникот Илинден, Гордана Сиљановска-Давкова, испрати честитка до граѓаните.
Илинден е сржта на македонската историја,
Илинден е срцето на македонската република,
Илинден е душата на македонската државност,
Илинден е тежок и прекрасен ден, ден на неизмерна тага и радост, но и ден на болка и гордост!
2 Август е денот на двата Илиндена: Крушевскиот којшто ја роди идејата за Републиката и асномскиот којшто ја оживотвори.
Првиот беше искра, вториот пламен, првиот беше ослободителен крик и херојска епопеја, вториот беше државна конституција по победа.
Првиот посеа републиканско семе, вториот ја собра жетвата на Народноослободителната борба.
Илинден е приказна што тече, се пишува и допишува со крв и солзи, порази и победи.
Илинден нѐ учи дека Републиката не се наследува, туку се изборува и се заслужува.
Илинден нѐ обврзува да направиме од државата пристојно место за живеење за сите, место од кое нема да се бега, туку во кое ќе се доаѓа.
Илинден е пример за обединување заради заедничка цел и општо добро.
Илинден е ден на тивка заклетва пред Никола, Питу, Даме, Гоце… и пред мноштвото знајни и незнајни борци, дека она што го сториле за нас, несебично вградувајќи се во темелите на македонската државност, никогаш нема да го заборавиме и засрамиме.
Драги потомци на славните илинденци, наследници на нивната визија, храброст и неизмерна љубов кон татковината, од срце ви го честитам Илинден, празникот над празниците.
Нека е вековита македонската република!
Нека ни е вечен Илинден! , стои во официјалната честитка на Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова
Гордана Сиљановска-Давкова
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трендафилов: Илинден е секој ден и секој…
,,Ние не само ве имаме како сфои…
Во Крушево почнува манифестацијата „10 Дена Крушевска…
Со кревањето на знамето на Крушевската Република…
БМЗ ја затвора фабриката во Илинден, се…
Германската компанија БМЗ (BMZ Group), која произведува…
Мицкоски од Илинден: Се гради низ целата…
Добро е што се гради. Со овој…
Делови од Илинден и од Карпош денеска…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска…