Сиљановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме
Асномскиот завет вели – каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната панел дискусија на тема „8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци“.
Според претседателката Сиљановска Давкова, држава не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право.
-Асномскиот завет кој вели – каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме. По мое мислење, умерените и умни лидери во деведесеттите години биле Глигоров, Стојан Андов, Никола Кљусев, Петар Гошев, Абдураман Алити… кои успеаја од тој вртлог на војна со своето знаење и мудрост, но и државничкиот однос на еден умерен начин да исчекорат, и тоа е многу важно. Според еден научник, може за шест дена да скицирате устав, може за шест месеци да зацртате либерална економија, ама ви требаат шеесет години да изградите функционална демократија. Таа не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право, нагласи Сиљановска Давкова.
На панел дискусијата на тема „8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци“ учествуваат поранешни пратеници, министри и други јавни личности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква…
Асномскиот завет вели – каква држава ќе…
Агресивен патник врзан со леплива лента за…
Патник кој предизвикал проблеми во авион бил…
Ограбена црквата „Свети Никола“ во Велгошти: Крадците…
Во СВР Охрид вчера е пријавено дека во периодот од 04…
Куманово доби пет специјализирани возила за одржување…
Куманово добива пет специјализирани возила за одржување…
Најмалку 11 загинати во лавина на планина…
Најмалку 11 лица загинаа, а шест се…