Сиљановска Давкова на Свечената академија во Вевчани: За мене Вевчани е синоним за Република
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва присуствувала и се обратила на Свечената академија организирана по повод јубилејот „30 години Општина Вевчани“.
Во своето обраќање, претседателката истакна дека Вевчани за неа претставува посебен симбол на автентичност и традиција.
„За мене, Вевчани е синоним за Република, место со сопствен дух, карактер и традиција. Напати велам дека имам двојно државјанство, не само македонско, туку и вевчанско, а вевчанскиот пасош сè уште го чувам, небаре горда вевчанка“, се посочува во објавата на претседателката на Фејсбук.
Таа се потсети и на својот долгогодишен ангажман и поддршка за самостојноста на оваа општина уште од минатиот век.
„Како членка на вевчанската Академија за убави уметности, уште во деведесеттите години говорев, пишував и аргументирав дека Вевчани има право да биде самостојна општина, убедена дека неговата историска, културна и општествена особеност заслужува институционално признание и почит. Има ли нешто поважно од тоа да се зачува место што е синоним за Виа Игнација, за бунтовност, за отпор, за себепочит и за немирен дух којшто создава, критикува и опстојува, пренесувајќи ги тие вредности од генерација на генерација?“, наведува Сиљановска Давкова.
Во објавата, претседателката изразува искрена благодарност до сите вевчанци кои вградиле дел од себе во развојот и напредокот на нивната општина.
„Честитки, со искрени желби Вевчани и понатаму да остане оригинално, оригинерно и автентично“, истакнува претседателката во честитката по повод три децении од формирањето на општината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа…
Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека…
Савески до пратениците: Во овој момент не…
Државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој беше…
Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…
Москва предлага пакт со НАТО
Русија би можела да склучи пактови за…