Сиљановска-Давкова на средба со претставници на иницијативата „Стоп за Усје“
Претставниците на иницијативата укажале на потребата од поставување мерни станици за 24-часовно мерење на загадувачките супстанци, транспарентност за добиените податоци, како и усогласување со препораките на СЗО за граничните вредности на ПМ10 честичките.
Со внимание ги следам сите активности насочени кон поздрава и побезбедна животна средина како врвен национален приоритет – им порачала претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ за време на денешната средба.
Образложувајќи ги своите ставови за влијанието на цементарницата Усје врз квалитетот на воздухот и здравјето на луѓето, претставниците на иницијативата укажале на потребата од поставување мерни станици за 24-часовно мерење на загадувачките супстанци, целосна транспарентност за добиените податоци, како и усогласување со препораките на Светската здравствена организација за граничните вредности на ПМ10 честичките.
„Се согласивме дека животната средина е заедничка одговорност и стратешка определба, оти е неопходен континуиран дијалог меѓу граѓанските организации, институциите и стопанските субјекти заради креирање одржливи и долгорочни решенија, како и дека Собранието треба, согласно Деловникот, да ги отвори портите за нив во расправата за законите од областа на животната средина и вршењето на надзорната функција“, порача Сиљановска-Давкова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…