Објавено на:

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја заврши официјалната посета на Република Хрватска со предавање на Правниот факултет во Загреб, посветено на парадоксите на македонските евроинтеграции.

Во обраќањето таа го оцени нашиот пат кон Европската Унија како предолг, комплексен, оптеретен со двојни стандарди и политички условувања, често спротивни на конститутивните акти на ЕУ и на владеењето на правото.

Претседателката укажа на инкомпатибилноста на актуелната војна на европско тло со замислата за Европската Унија како мировен проект.

За претседателката, парадоксално е што земјата и покрај значајните реформи, но и тешки отстапки, вклучително и промената на името, се соочува со нови барања од идентитетска и историска природа, надвор од Копенхашките критериуми.

Според неа, правно неодржливо е со записник, односно протокол да се предвидат уставни измени.

За Сиљановска-Давкова проширувањето на Унијата во актуелниот геополитички момент е важно безбедносно прашање.

Предавањето беше проследено од професори и студенти на Правниот факултет, на чиишто прашања претседателката со задоволство одговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: За само пет дена 25 пријави…

Во периодот од 1 до 5 ноември,…

НАРОДНАТА БАНКА СО ДЕТАЛИ ЗА ТРАНСАКЦИИТЕ НА…

Народната банка на Македонија денеска, 5 ноември,…

Пример за многу други: Хориха во првиот…

Македонската ракометна репрезентација вчера забележа победа против…

Американските сили во подготвеност за можни удари…

Американските сили во подготвеност за можни удари…

„Индипендент“: Рубио би можел да ја напушти…

Американскиот државен секретар Марко Рубио би можел…