Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот
Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска, по учеството на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади во рамки на Самитот на НАТО во Анкара, испрати порака до европските партнери во однос на долгогодишниот статус кво на македонските евроинтеграции.
Таа ја потенцираше разликата во третманот на земјава во двете клучни меѓународни организации.
„Понекогаш се чудам како може исти државници, исти претседатели, исти премиери, на еден начин да се однесуваат во рамките на НАТО, да манифестираат разбирање, а кога се работи за Европската Унија, 20 години да нè држат во лавиринтот. Време е тоа да се надмине“, порача Сиљановска Давкова.
Претседателката информираше и за маргините на самитот, каде остварила контакти со регионалните лидери и поддржувачи на процесот.
„Сиљановска Давкова изјави дека синоќа имала кратка средба со премиерот на Бугарија Румен Радев, кој и рекол дека не сме само соседи, туку дека му е пријателка, што, рече, е инспиративн и охрабрувачко. Имала подолг разговор со унгарскиот премиер Петер Маѓар кој кажал дека уште позасилено ќе застане зад Западен Балкан, дека целосно нè поддржува и оти неминовно е, за да има стабилност и мир на Балканот, земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската Унија.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Загинати и повредени во голем пожар…
Загинати и повредени во голем пожар во…
(Видео) Голем пожар во канадска воена база:…
Вознемирувачки информации пристигнуваат од канадската провинција Алберта,…
Брвеница избира градоначалник
Жителите од десет населени места Општина Брвеница…
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…