Сиљановска-Давкова: „Процесот Брдо-Бриони“ е инспириран од солидарноста и пријателството меѓу државите од регионот
Со претседателите на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони”, денеска во Драч ќе размениме мислења за најважните прашања поврзани со европската интеграција: Планот за раст на ЕУ, младинската политика и одливот на мозоци, регионалната соработка и безбедност, објави на фејсбук претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.
Процесот Брдо Бриони, како што посочува претседателката, е инспириран од солидарноста и пријателството меѓу државите од регионот, со намера да ги поттикне политичкиот дијалогот и партнерството на највисоко ниво и да ја зајакне меѓусебната доверба.
-Годинава, домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во ,,Процесот Брдо-Бриони” е претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. Одржувањето на процесот е потврда за неопходноста од редовен дијалог заради навремено соочување со регионалните предизвици и решавање на отворените прашања, напиша во објавата Сиљановска Давкова.
Процесот „Брдо-Бриони“ е заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и на Република Хрватска.
Првиот состанок на лидерите се одржа во 2013 година, во Брдо кај Крањ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова: „Процесот Брдо-Бриони“ е инспириран од солидарноста…
Со претседателите на земјите учеснички во „Процесот…
Македонецот најден мртов во Љубљана бил од…
Починатиот македонски државјанин пронајден во Љубљана е…
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши груба злоупотреба на институциите…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…
Приватните автобуси се исклучија од сообраќај
Приватните автобуски превозници што сообраќаат во Скопје…
Рубио: Мислам дека Израел сфаќа дека заложниците…
- Сакаме или не, видовме дека земји…