Сиљановска-Давкова: „Процесот Брдо-Бриони“ е инспириран од солидарноста и пријателството меѓу државите од регионот
Со претседателите на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони”, денеска во Драч ќе размениме мислења за најважните прашања поврзани со европската интеграција: Планот за раст на ЕУ, младинската политика и одливот на мозоци, регионалната соработка и безбедност, објави на фејсбук претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.
Процесот Брдо Бриони, како што посочува претседателката, е инспириран од солидарноста и пријателството меѓу државите од регионот, со намера да ги поттикне политичкиот дијалогот и партнерството на највисоко ниво и да ја зајакне меѓусебната доверба.
-Годинава, домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во ,,Процесот Брдо-Бриони” е претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. Одржувањето на процесот е потврда за неопходноста од редовен дијалог заради навремено соочување со регионалните предизвици и решавање на отворените прашања, напиша во објавата Сиљановска Давкова.
Процесот „Брдо-Бриони“ е заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и на Република Хрватска.
Првиот состанок на лидерите се одржа во 2013 година, во Брдо кај Крањ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитриеска Кочоска: Стабилни јавни финансии, повеќе инвестиции…
Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2027…
Јотова со полна уста за Македонија во…
Јотова нема да отстапи ниту сантиметар од…
Српското ЈТОК бара итно доставување на сите…
Обвинителството побара од Министерството за правда, без…
Пресверт во случајот со модуларната болница во…
Советот за казниви дела при Врховниот суд…
РУБИО СО ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО Г20: Светската…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати сериозно…