Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши груба злоупотреба на институциите за избори, началници на МВР на партиски состаноци

t

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за груба злоупотреба на државните институции во текот на изборната кампања. Филипче потенцираше дека злопупотребата на институциите е најизразена од Министерството за внатрешни работи.

„Во повеќе ситуации, во повеќе општини на состаноците на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ гледаме присутни началници од Министерството за внатрешни работи или ги водат состаноците или се присутни.Тоа е сериозно кршење на законот и злоупотреба на институциите“, истакна Филипче.

На прес-конференцијата Филипче побара од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, да одговори дали лично ги организира овие состаноци и дали стои зад ваквите злоупотреби.

„Барам министерот Панче Тошковски да одговори дали тој ги организира овие состаноци. До меѓународните институции, тие коишто ги пратат изборите апелирам да реагираат на оваа појава, затоа што Министерството за внатрешни работи треба да биде професионална институција, независна којашто им служи на граѓаните, а не на политичките партии“, додаде претседателот на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Koj профитира на најмалите: „УЧИЛИШНАТА КОШНИЧКА“ ПОД…

Околу 600 продажни места низ Македонија се…

Ангелов: Состојбата со пожарите на отворен простор…

Состојбата со пожарите на отворен простор во…

АфД пред историска победа

Екстремнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) е…

Сивата економија ја чини Македонија стотици милиони…

Сивата економија продолжува да биде еден од…