Сиљановска-Давкова со претседателката на турската Црвена полумесечина: Потребна е поголема меѓународна солидарност
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Фатма Мерич Јилмаз, претседателка на турската Црвена полумесечина и членка на Советот на претседателот на Турција, која беше придружувана од претседателката на Црвениот крст на Македонија, Лилјана Ристевска.
Сиљановска-Давкова ја оцени соработката меѓу македонскиот Црвен крст и турската Црвена полумесечина, воспоставена во 1995 година, како важен фактор во градењето на пријателските односи меѓу Македонија и Турција.
Таа посочи дека сè посложените хуманитарни предизвици бараат поголема меѓународна солидарност, подобра координација и премин од реактивно кон превентивно дејствување.
Според претседателката, зајакнувањето на регионалната хуманитарна соработка и размената на знаења, искуства и добри практики можат да придонесат за побрз и поефикасен одговор во услови на криза.
Сиљановска-Давкова го поздрави и проширувањето на постојните и иницирањето нови заеднички проекти меѓу двете организации, насочени кон помош на ранливите категории граѓани и во воени и во мирнодопски услови.
Јилмаз информираше за меѓународната мрежа и активностите на турската Црвена полумесечина, како и за досегашната соработка со македонскиот Црвен крст преку бројни програми, донации и обуки.
Таа нагласи дека во моментов посебен фокус е ставен на лицата постари од 65 години, кои ги оцени како една од најзапоставените категории граѓани.
Јилмаз потсети и на помошта што Турција му ја дала на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, како и на македонската помош по земјотресот во Турција во 2023 година.
„Беше изградено ново училиште, коешто денес го носи името ‘Македонија’“, рече Јилмаз.
На крајот од средбата, таа на Сиљановска-Давкова ѝ подари архивски записи и историски фотографии од помошта на турската Црвена полумесечина по скопскиот земјотрес во 1963 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран демантира средба меѓу Резаи и Венс…
Иран ги отфрли извештаите дека секретарот на…
Франција го обвини Иран за сајбернапад врз…
Франција ја обвини иранската Револуционерна гарда за…
Касами ги викна оџата и владиката, ќе…
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска се…
Мерц: Слободата и демократијата никогаш не треба…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по повод 37-годишнината…
Муцунски во работна посета на Литванија и…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…