Сиљановска-Давкова со претставнички на „До бебе по патот на ин витро“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со претставнички на здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување „До бебе по патот на ин витро“.
На средбата присуствуваа претседателката на здружението Деспина Петровска и членовите Наташа Ѓорѓиева Божинов и Марија Михајлоска Јанкуловска.
Сиљановска-Давкова ја поздрави работата на здружението и им оддаде признание на жените и мажите кои минуваат низ процесот на ин витро оплодување, оценувајќи дека станува збор за луѓе кои покажуваат голема храброст и истрајност.
Претставничките на здружението информираа дека, според податоците на Светската здравствена организација, со неплодност се соочува приближно едно од шест лица, при што проблемот подеднакво ги засега мажите и жените.
Тие ги посочија и измените со кои бројот на бесплатни ваучери за ин витро е зголемен од три на шест обиди, како и можноста клексанот да се издава на лекарски рецепт.
На средбата биле изнесени и повеќе барања, меѓу кои зголемување на средствата за поквалитетна терапија, можност генетските испитувања да се прават во МАНУ, како и пренаталните анализи, наместо во странство, да се вршат во Македонија.
Соговорниците се осврнале и на потребата од поголема системска поддршка за лицата кои се соочуваат со неплодност, особено во услови на намален наталитет во земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…